СДСМ ветува дека новата Влада ќе спроведува мерки за подобар квалитет на воздухот

Владата предводена од СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство, граѓанските организации и стручната јавност започнува активно да работи на системски решенија со кои ќе се подобри квалитетот на воздухот во Скопје и во останатите градови во Македонија, соопшти СДСМ.

„Преку интересорска работна група составена од повеќе институции, активно ќе се следи состојбата на амбиентниот воздух и ќе се дефинираат препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Наместо популистичкиот и пропагандистички однос на владите на ВМРО-ДПМНЕ кон ова прашање, Владата предводена од СДСМ, преку транспарентен, одговорен и инклузивен процес, ќе спроведува мерки базирани на реални параметри и податоци преку кои на краток и долг рок ќе се подобрува квалитетот на амбиентниот воздух.

Зголемување на бројот на корисници на системите за централно греење, поддршката на централен систем за греење на природен гас, зајакнување на контролите на цврстите горива, како категоризацијата на возилата согласно ЕУРО стандардот, ќе бидат само дел од мерките преку кои континуирано ќе се работи на подобрување на квалитетот на воздухот.

Владата предводена од СДСМ продолжува преку одговорен, домаќински и отчетен пристап да ги спроведува реформите што обезбедуваат чист воздух, чиста вода за пиење и здрава животна средина за сите граѓани“, соопшти партијата.

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе