СДСМ: Веднаш да се исплатат платите на вработените во Македонски железници

Целиот железнички сообраќај веќе трет ден е во прекин поради несовесната власт којашто ги остави вработените во Македонски железници без плати, а граѓаните без превоз, соопшти СДСМ.

„Дел од граѓаните не се информирани за штрајкот па не стигнале на време на работа, а повеќето биле приморани да прават дополнителни трошоци за да плаќаат автобуски билети. Вработените во Македонски железници повторно се принудени преку штрајк да ги бараат своите чесно заработени плати. Семејствата на овие луѓе се оставени без егзистенција. Бараме веднаш да се исплатат платите на вработените, изјави Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Според него, платите во јавното претпријатие постојано доцнат, а раководството на власта во заминување не наоѓа трајно решение.

Моментално вработените во Македонски железници-инфраструктура ја бараат втората половина од платата за декември, а вработените во Македонски железници-транспорт ја чекаат јануарската плата.

„Требаше да се случи штрајкот за да стигнат најавите за исплата на половина плата, а кој ќе ги плати штетите од тридневниот застој на возовите“, рече Бочварски и најави дека ќе има целосна модернизација на Македонски железници и ќе бидат заштитени правата на вработените.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе