СДСМ со реакција за искршените штабови: Провокации нема да нѐ спречат!

„Обидите за провокации не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија“, реагираа денеска преку соопштение од СДСМ и побараа од надлежните да ги расветлат случаите за искршение партиски штабови на СДСМ во Битола, Скопје и Охрид што се случија деновиве.

„Демократските процеси се почнати, а тие подразбидаат праведно и правично општество за сите, во кое што секој кој го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да понесе одговорност“, соопштија од СДСМ.

Од СДСМ соопштија дека инцидентите од изминатото денонокие се пријавени на надлежните органи и дека на сличен начин, со фрлање камења се искршени надворешни прозорци на неколку штабови на СДСМ во Кланица – Битола, во Ново Лисиче - Скопје, во Сопиште и во Охрид.

„Очекуваме надлежните органи да ги расветлат случаите.Посочуваме дека какви било провокации за тесно патриски цели можат само да стават во неволја недолжни граѓани, а не можат да ја спречат демократската обнова на Република Македонија“, соопштија од СДСМ.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе