СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат јасен став за клучните прашања од врвен национален интерес

Социјалдемократскиот сојуз во денешното соопштение вели дека ВМРО-ДПМНЕ има несериозен однос кон граѓаните и кон државата, бидејќи партијата и претседателот Христијан Мицкоски сѐ уште намаат јасен став за клучните прашања од најголем национален интерес.

„Паѓаат во вода децениските лаги на ВМРО-ДПМНЕ кога зборуваше за референдум и право на граѓаните да го кажат последниот збор за правецот по кој ќе се движи земјата, и тоа во секоја програма, во секој јавен настап.

Сега кога референдумот е извесен и ќе се случи, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став.

За најважните прашања за иднината на Македонија само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соопштено за што се. Или се за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или се за небиднина, назадување, изолација.

Ако се за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ, треба да ги повикаат членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Во спротивно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат дека лажеле цела деценија и дека всушност се само за одбрана на криминалот, за изолација, назадување и неизвесност.

Граѓаните се цврсто определени, тие се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет“, соопшти СДСМ.

 

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе