СДСМ: Ребаланс на Буџетот за повисоки плати и задоволни граѓани

Ребалансот на Буџетот и кратењето на непродуктивните трошоци за реклами и репрезентации се првите чекори кон остварување на економските мерки кои обезбедуваат поддршка за домашните претпријатија и зголемување на минималната плата на 12.000 денари и натамошен севкупен раст на платите за задоволни граѓани и мотивирани работници, соопшти СДСМ.

„Остварувањето на предвидените мерки за повисока минимална плата ќе се реализира во интензивна соработка и солидарност помеѓу стопанствениците, работниците и државата, со крајна цел за севкупен раст на платите и повисок економски раст.

Со поддршката за домашните претпријатија, за првпат во историјата работниците во кожарската, текстилната и индустријата за обувки нема да бидат дискирминирани и ќе земаат идентична минимална плата како и работниците во останатите индустрии. Покрај покачувањето на минималната плата, при вчерашната посета на Штип владината делегација најави дека ќе бидат ослободени финансиски средства за поддршка на проектот на владата за субвенционирање на годишните одмори на најниско платените работници, како и  пакет на мерки со кои ќе се изедначат условите за работа на домашните со странските инвеститори“, соопшти СДСМ.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе