Реакција

СДСМ: Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците е кукавичка

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кукавички и неосновани реакции, Законот за употреба на јазиците не го загрозува македонскиот јазик, реагира СДСМ на изјавата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги надмине политиките на создавање тензии и вештачки поделби меѓу граѓаните коишто беа главна карактеристика на оваа партија во изминатите години“, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се неосновани, бидејќи измените на Законот за употреба на јазиците биле целосно во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5.

„Законот не фаворизира, туку ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Македонија. Цврсто веруваме дека граѓаните во јавните установи треба да можат да комуницираат на својот јазик. Со измените на Законот, употребата на македонскиот и албанскиот јазик нема да биде идентична, не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата и во меѓународните односи“, стои во соопштението.

Законот, според партијата, има обединувачка заложба и ќе биде во корист на сите граѓани во Македонија. 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе