СДСМ поднесе нови кривични пријави, овојпат против Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Јанакиески, Протоѓер и Трајковски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска  поднесе 3 кривични пријави против Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, како и против градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Љупчо Николовски,

Кривичните пријави се поднесени за различни кривични дела кои произлегуваат од содржината на досега објавените разговори. Настаните што се опфатени со кривичните пријави се прекршување на правила и прописи при апсењето на Љубе Бошкоски, незаконско уривање на објектот Космос и договарањето за бркање од работа на политички неистомисленици по парламентарните избори 2011 година, изјави Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе