петок, 19 април 2024

Директорот на ЦИА: Реален ризик Украина да ја изгуби војната од Русија до крајот на 2024

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција Вилијам Брнс предупреди дека постои „реален ризик“ Украинците да ја изгубат војната од Русија на бојното поле до крајот на 2024 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во Претседателскиот центар Џорџ В. Буш во Далас кажа дека на Украина „ѝ снемува муниција“ и дека на Западот „му снемува време“ да му помогне на Киев.

Брнс ги критикуваше американските пратеници поради одолговлекувањето со испораката на дополнителна помош на Украина, пренесува Војс оф Америка.

„Со дополнителна помош од Конгресот на САД, мислам дека Украинците можат да се одржат на бојното поле во 2024 и да продолжат да прават штета „ на Крим и против Црноморската флота, кажа директорот на ЦИА.

Додаде дека без таа помош „сликата е многу пострашна“.

Русија во последните недели ги засили воздушните напади на енергетскиот систем на Украина и други цели, зголемувајќи го притисокот на Киев далеку зад линиите на фронтот каде руските сили полека напредуваат на исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ