СДСМ поднесе кривична пријава против Мијалков за опремата од Израел (ВИДЕО)

Поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување и давање поткуп се основите на кривичната пријава која денеска СДСМ ја поднесе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. Пријавата е поднесена против Сашо Мијалков, директор на УБК, Светлана Костова, судијката во Вишиот управен суд и Хаим Хакијни, странски држвјанин, инволвирани во мега корупциски скандал за набавка на опрема од Израел, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Петре Шилегов

„Во текот на 2011 година, провоосомничениот Сашо Мијалков преку НН фирма примил провизија од 840.000 евра, 540.000 евра и 200.000 евра како награда за склучување договор за набавка на опрема, по значително повисока цена од реалната. Со тоа Сашо Мијалков, сторил кривично дело примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластување. Второосомничената, Светлана Костова, му помогнала на првоосомничениот и посредувала во врска со плаќањето на наградата и склучувањето на договорот за набавка на опремата. Третоосомничениот го договорил и го извршил плаќањето на наградата со што сторил кривично дело давање поткуп.  Со дејствата на тројцата осомничени била нанесена штета на буџетот на Република Македонија од големи размери, што дополнително треба да се утврди“, изјави Шилегов.

Тој рече дека со пријавата биле приложени и снимките и дека очекува обвинителството конечно да почне да ја работи работата која со закон е определна и да преземе истражни или предистражни дејства со кои ќе се утврди фактичката состојба на кривичната пријава.

Од СДСМ информираат дека досега поднеле повеќе од 30 кривични пријави поврзани со снимките од прислушуваните разговори.

„Согласно правилата и мислењата на Европскиот суд, не е тоа мислење на СДСМ, кога се јавните функционери и вршителите на јавни функции во прашање, и снимки кои не се набавени со посебни истражни мерки, можат и треба да бидат предмет на докажување, односно да бидат употребени како доказ, бидејќи станува збор за заштита на јавниот интерес. Како ќе се постави јавното обвинителство, тоа е до него“, рече Шилегов.

Објавено на

07 Април 2015 - 16:09

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе