ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ не сака конструктивна дебата и си дозволува да го ускрати и правото на дијалог

Не знаеме кој ја пишувал содржината на денешната изјава на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, но очигледно е дека тој што е автор нема никаков интерес од конструктивна политичка дебата во Република Македонија, реагира владејачката партија.

Писмената реакција од ВМРО – ДПМНЕ доаѓа по барањето на СДСМ претседателот Иванов да го реши статусот на Борче Давитковски кој најави оставка од претседателската позиција во Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември во парламентот. И по забелешката на опозициската партија дека пратеникот Илија Димовски не може да поставува ултиматуми кога и како треба да се води дијалогот за комисијата.

„Ние не сакаме да влегуваме во процес на меѓусебни обвинувања и квалификации. Ние повикуваме на дијалог. Разноликоста во позициите на СДСМ треба да се решаваат внатре во самата СДСМ, но сме зачудени како СДСМ си дозволува да го ускрати и правото на некого да побара дијалог. ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да се седне на маса да се дискутира и да има дијалог. Ова одбивање на дебата и дијалог за жал не се разликува од одбивањето за дијалог, кое што кон Македонија го прави еден од нејзините соседи“, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе