СДСМ најави ревизија на договорот за новиот клинички центар

Ќе има ревизија на работењето на Владата со технички овластувања во заминување. Меѓу другото, ќе бидат преиспитани и процедурите преку коишто во последен момент, пред трасферот на власта, Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов Клинички центар што треба да се реализира во иднина, најави денеска портпаролот на СДС, Петре Шилегов. 

„Владата со технички овластувања нема овластувања да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување и, клучно, да ги интересираа потребите на граѓаните, Никола Тодоров и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да чекаат да станат опозиција за да потпишуваат договори за нов Клинички центар“, рече Шилегов.

Тој потсети дека Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ им ветија на граѓаните нов Клинички центар во 2012 година и тој требаше да биде готов до 2 јануари 2017. Дене, како што рече, е 19 мај, а од најавениот нов Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште има само тараби и дупки.

„Нов Клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска влада. Граѓаните на Македонија ќе добијат реален, модерен и функционален универзитетски клинички центар, а постапката на изградба ќе се одвива на транспарентен начин“, додаде Шилегов. 

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе