РЕАКЦИЈА

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ му пречи успешната работа на министерот Николовски

Лажните обвинувања нема да ја сокријат катастрофата што таа партија ја остави зад себе. Во недостиг на идеи, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите политики на деструктивност и празни и неосновани обвиниенија. Обвинувањата за негрижа упатени кон министерот за земјоделство шумарство и водостопанство се апсурдни и неосновани, реагира СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за работата на министерот Николовски.

„Министерот за земјдолејство и министерството преземаат низа мерки  за гаснење на пожарите и превенција од нивна повторна појава. Министерот Љупчо Николовски ги зајакна капацитетите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и му наложи покрај редовните контроли да изврши и вонредни контроли врз работата на ЈП„Македонски Шуми“, управувачите на заштитените подрачја и приватните сопственици на шуми. Шумската полиција ги зајакна контролите на терен, кога беа прогласени делумни и целосни забрани за движење во шума, при што се евидентираа сите лица затекнати во шума и истовремено им се укажуваше за опасноста од појава на пожари.

Со паушалните и празни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека му пречи успешната работа на министерот и министерството со кое што раководи. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што министерот Николовски ги скрати непродуктивните трошоци, што е одблокирана исплатата на субвенции, што се обезбедуваат нови 10 милиони за поддршка на програмата за рурален развој и што е зголемена помошта за загуби од временски непогоди. Ниту едно лажно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја сокрие катастрофата што таа партија ја остави во земјоделството, ниту пак ќе помогне да избегаат од одговорност сите оние што криминално се богатеа на сметка на осиромашените земјоделци“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе