лидерска средба за подобра македонија

СДСМ на 17-ти, ВМРО-ДПМНЕ со контрамитинг на 18 мај

На денешната средба на лидерите на владината коалиција За подобра Македонија донесена била одлука за одржување на голем митинг на 18 мај. во Скопје. СДСМ веќе го најави својот митинг за 17 мај. Сите се едногласни дека работат на смирување на тензиите.

Некои од лидерите на коалицијата биле против одржувањето на ваков митинг само еден ден по најавениот собир на СДСМ. Сепак, на крајот бил прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување митинг на 18 мај, дознава МКД.мк од учесниците на оваа средба.

Идејата на владеачката партија е на 18 мај да се демонстрира поголема масовност и поддршка за власта од собирот на СДСМ.

Инаку СДСМ митингот на 17 мај го најавува како собир кој ќе трае и нема да заврши за еден ден.

ТМРО вчера го повика Никола Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја предводи коалицијата За подобра Македонија, составена до пред скоро време од 24 партии, итно да закаже лидерска средба со коалициските партнери, која не е оддржана од 26 декември 2014.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе