РЕАКЦИЈА

СДСМ: Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ нема да се сокријат со апсурдните интерпелации

Апсурдните интерпелации нема да го сокријат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, новите политики ја унапредуваат и заштитуваат културата. Со неоснованите, неиздржани и апсурдни иницијативи за интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ продолжува очајнички да се обидува да ги закочи реформите и проектите за кои што гласаше мнозинството граѓани, реагира СДСМ на соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

„Поднесената интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски, само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи ниту за културата, ниту за граѓаните, туку единствено се грижи за сокривање на деценискиот криминал што раководството на таа партија го правеше, особено со проектот Скопје 2014. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја партизираше културата и потроши над 600 милиони евра народни пари на сомнителни тендери за проектот Скопје 2014, додека вистинското културно наследтво беше намерно оставано да скапува и да се распаѓа. Залудни и очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни интерпелации да ги закочат рефомите и да го прикријат криминалот и злосторот што го вршеа врз културното наследство. Наместо криминалниот и злосторнички пристап кон културата што ВМРО-ДПМНЕ го практикуваше со години, министерот за култура и министерството воведуваат нови, ефикасни и инклузивни политики и проекти во културата што носат напредок и заштита на културната дејност“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе