РЕАКЦИЈА НА ПРЕС - КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ

СДСМ: Груевски ја потврди содржината на прислушуваните материјали

Никола Груевски ги потврди сите скандали поврзани со него и со неколку негови соработници и невешто се обиде да се правда за срамните потези што ја згрозија јавноста, реагира СДСМ на обраќањето на премиерот до јавноста.

СДСМ коментира дека со своите изјави тој потврди спроведување на масовно незаконско прислушување на граѓаните и дека ја потврди содржината на прислушуваните разговори од страна на УБК.

„Тој тоа го стори со убедувањето дека било израз на човечки гнев изживувањето со нечија судбина, или запрепастувачките навреди кон новинари, сопартијци, кон политички противници. Од истите разговори јавноста слушна и за местењето судии и обвинителско-судски одлуки, за монтирани политички процеси против неистомисленици, за масовно прислушување на над 100 новинари, за извештаи и анализи за новинари правени од УБК, но на сето тоа Груевски нема одговор и затоа тоа го одмолча“, соопшти СДСМ.

Според опозициската партија, Груевски потврди дека тој нарачал снимање на претседателот Заев во својот кабинет, а „му се испушти и дека за наводни докази знае од Обвинителството, со што го потврди неговиот упад во правосудството и сторено кривично дело“.

„Никола Груевски е исплашен дека граѓаните го видоа неговото лице и лицата на теснопартиска група што му помага да се држи на власт. Исплашен е и дека прашање на момент е кога соработниците ќе почнат да му го вртат грбот. Затоа на прес-конференцијата убедуваше да не брзаат со заклучоци и за наводни сценарија од коишто наводно тој ќе ја бранел Македонија. Граѓаните на Република Македонија почнаа да ја препознааваат вистината, а таа е една, дека на Македонија и е потребна одбрана, но од Груевски и неговиот братучед Мијалков. СДСМ ги охрабрува сите граѓани без разлика на политичката припадност да се спротивстават на дрското и штетното владеење на братучедите Груевски и Мијалков за лични цели. Очајни се обидите на Груевски со 'акциони филмови' да се брани од вистината.СДСМ е цврсто решена, Вистината за Македонија ќе биде обелодета до крај“, се вели во соопштението на СДСМ.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе