СДСМ: Груевски и соработниците оставија долг од 5 милијарди евра

СДСМ најави темелна ревизија на сите трошења на пари на граѓаните од Груевски и соработниците. 

„Следува период во кој новата Влада ќе ги преиспита сите задолжувања што ги направи досегашната власт изминативе години на крајно нетранспарентен начин. Исто така, ќе биде спроведена и темелна ревизија на сите нетранспаретни трошења на пари на граѓаните од Буџетот на Македонија што ја крахираа економијата.

Никола Груевски и неговите соработници заминуваат од власт, оставајќи јавен долг во висина од скоро 5 милијарди евра. Пред 11 години, во 2006 година јавниот долг изнесуваше 1.8 милијарди евра. На девизната депозитна сметка Груевски затекна над 250 милиони евра“, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека за сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност. 

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе