СДСМ: Блокадата на Собранието е погазување на Уставот и на правото

Блокадите во Собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата е погазување на Уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста, соопшти СДСМ. 

Според партијата, ова се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност. „Вељјаноски и Иванов не смеат да ги штитат криминалните платформи на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да си ги спасат личните богатства и интереси, на сметка на интересите на граѓаните и фирмите на кои им е загрозена егзистенцијата и тешко примаат плати. Ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски претседател и тоа ќе значи блокада на целиот државниот систем. Затоа државата мора без одложување да профункционира. Демократските процеси е неопходно да продолжат“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека легитимното парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани е должно да избере легитимен претседател на Собранието согласно Уставот и Деловникот и да ја формира нова реформска влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе