Софија

Самит на Европската народна партија, ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката за планираните активности

Денеска во Софија се одржа и самитот на Европската народна партија на кој присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На самитот се разговарало за актуелните политички, но и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западниот Балкан.

Мицкоски денеска оствари повеќе билатерални средби со лидерите од Европа, како Себастијан Курц, Доналд Туск, еврокомесарот Јоханес Хан... На овие средби било дискутирано за моменталната политичка и економска состојба во Република Македонија и за идните активности кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе во наредниот период, соопштува партијата.

„Ги информирав лидерите за протесниот собир што ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата планира да го организира на 2 јуни пред Владата во знак на разобличување на сите оние погрешни политики, во знак на сите оние неостварени ветувања, сите оние неисполнети очекувања што ги креираше Зоран Заев и групата околу него во изминатите година дена. Се надевам дека сите оние граѓани што се чувствуваат обесправени и излажани, сите оние граѓани кои што се против овие ненародни политики на Зоран Заев и групата политичари околу него, ќе ни се придружат и ќе застанат рамо до рамо со нас и ќе го изразат својот револт на 2 јуни“, изјави Мицкоски.

Тој вели дека од своите соговорници добил поддршка за сите идни чекори на ВМРО-ДПМНЕ. 

На маргините на самитот на Европската народна партија, Мицкоски оствари билатерална средба и со Виктор Орбан, претседател на Фидес и премиер на Република Унгарија. На средбата беше констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес. Од страна на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан беше афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на партијата.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе