Пратеникот Максим Димитриевски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово

Пратеникот Максим Димитриевски е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово. Самиот Димитриевски на својот Фејсбук профил се заблагодари на честа што му била укажана о напиша дека ќе ја оправда укажаната доверба. 

„Благодарам на укажаната чест од страна на колегите од СДСМ, претседателот Зоран Заев и граѓаните за номинацијата за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Куманово.
„Ќе ја оправдам укажаната доверба, да победи единството и заедништвото, преточено во визија за достоинствено Куманово и просперитетна Република Македонија.
Одиме во ПОБЕДА за сите граѓани!“, напиша Димитриевски.

СДСМ објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници, па така во Прилеп, директорот на градската болница, Илија Јовановски ќе му се спротивстави на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Марјан Ристески, а во Крива Паланка кандидат на СДСМ ќе биде Борјанчо Мицевски.

Засега останува неизвесно што ќе одлучи СДСМ за Општина Центар, дали ќе го поддржи актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, кој патем собра потписи за независна кандидатура, или ќе се определи за друг кандидат. 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе