СОБРАНИЕ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за неоварваризмот на министерот Алаѓозовски

Денес во Собранието на Република Македонија пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за работата на министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Пратениците сметаат дека со доаѓањето на новиот министер, културата во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допре дното.

„Во изминатиот период наместо унапредување на културата и културниот развој на Република Македонија за многу кратко време и веднаш откако беше назначен од страна на СДСМ, Роберт Алаѓозовски, имаме тренд на  уназадување на културата и културниот развој, преку преземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци во нашата држава, неводење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата и многу други активности  кои водат во таа насока.

Министерот Алѓозовски незаконски разреши професионалци во институциите од областа на културата и вдоми партиските послушници во Министерството за култура…

Една од првите одлуки како министер му беше да скрати 30  милиони денари и да запрат  археолошките истражувања на кои во минатите 11 години работеле повеќе од 20 илјади стручни лица, професори и археолози кој повеќе од 10 години посветено работеа со единствена цел да го документираат развојот на повеќе милениумската цивилизација на овие простори со што ќе се остави вредно сведоштво за идните генерации.

Добар дел од 4,5 милиони евра кои културата ги изгуби благодарение на Алаѓозовски беа предвидени и за филмски проекти. Скратени се 30 милиони денари за филмска дејност или дури половина од Буџетот предвиден за финансирање филмски проекти на конкурс за Агенцијата за филм.

Дополнително, советниците кои ги назначи Алаѓозовски се посебна приказна. Во напливот на неоварваризам Алаѓозовски формира совети, работни групи и назначува советници без компетенции и со биографии кои се единствено богати со закани, омраза, бес, гнев и фрустрации кои ги артикулирале со бројните најави дека ќе ги рушат, минираат и уништат спомениците на културата, на македонската историја и херои, само затоа што не ги изградиле нивните идеолошки татковци, туку Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Овој неоварваризам е консеквентен на неговата улична претходница, испоставата на СДСМ наречена шарена платеничка револуција, во која учествуваа речиси сите новоназначени советници на Алаѓозовски и која се занимаваше со сквернавење и уништување на спомениците на македонската историја.

Алаѓозовски со доставените измени на Законот за култура донесе одлуката за централизација на одлучувањето во културата. Ги укина менаџерските договори на раководителите на институции со кои на професионалците им беше дадена отворена можност во рамките на својот професионализам, искуство, знаење и кредибилитет да носат одлуки за работењето на институциите.

Алаѓозовски ги скрати средствата за реконструкција  на новата Универзална сала во Скопје, која консензуално е прифатена како потребна и од стручната и од пошироката јавност. Нема повеќе средства за изградба на новиот објект на Охридскиот театар. Сите средства кои беа обезбедени во Буџетот за изградбата на струмичкиот театар, и кој се планираше да биде отворен до крајот на оваа година  се скратени. Под знак прашалник е ставена и изградбата на  новиот објект за Драмски театар во Скопје. Ова е политиката на Роберт Алаѓозовски и СДСМ, ова е нивниот однос кон културата. 

Покрај оваа голема поделба и дискриминација помеѓу уметниците, донесе одлука и да  го укине Законот за  национален уметник, со што го укина правото на идните уметници да не бидат во можност да се здобијаат со  оваа најголема титула во нашата држава. Нема пари за заслужните уметници, но има пари за партизација на културата.

Затоа сметаме дека Роберт Алаѓозовски треба што поскоро да си замине од  позицијата министер за култура“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе