По шпекулациите дека власта обезбедила двтотретинско мнозинство

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук почнуваат да се изјаснуваат дека нема да гласаат за уставните измени

Досега десетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со изјави на своите официјални фејсбук-профили се изјаснија дека нема да гласаат за уставните промени предвидени со Спогодбата со Грција за промена на името на државата. Не е јасно зошто вака наеднаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да го искажуваат својот став во однос на најавените промени во Уставот на Република Македонија.

Од увидот во фејсбук-профилите досега такви изјави објавиле Дафина Стојановска, Зоран Илиоски, Емилија Александрова, Димитар Стевананџија, Ане Лашкоска, Павлинка Честојнова, Никола Мицевски, Весна Дамчевска – Илиевска, Невенка Стаменковска, Благица Ласовска, Магдалена Манаскова, Трајче Димков, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Васил Пишев, Влатко Ѓорчев...

„Јас Ане Лашкоска, како кандидат за пратеник на ВМРО–ДПМНЕ ја побарав Вашата поддршка на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 година. И тогаш, а и денес гласно кажувам… не се согласувам и нема да поддржам промена на Уставот на државата со цел промена на Уставното име на Република Македонија. Нема да бидам пратеник, но пред сѐ човек, граѓанин на Македонија, кој ќе се согласи да се избрише минатото на државата, да се избрише делото на нашите предци и да придонесам во создавање на идина на младите генерации без минато. Ни поставуваат прашање кое не заслужува одговор! Татковината ни е света! Ја носам во срцето! Вечна да ни е Македонија!“, напиша Лешкоска.

ВМРО-ДПМНЕ и колацијата имаат 48 пратеници. Од коалицијата неколку пратеници на другите партии се изјаснија дека ја поддржуваат политиката на владеачкото мнозинство во Собранието - Панчо Минов, Стојан Миланов, Љупчо Димовски, Владанка Авировиќ, Зекир Рамчиловиќ, Амди Бајрам, Чедомир Саздовски и Јусуф Хасани.

Веќе подолго време се шпекулира дека 11 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во декември ќе гласале за уставните измени. За промена на Уставот потребно е двотретинско мнозинство.

Нема да гласам за уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија, напиша Владимир Ѓорчев, пратник на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук.

„Македонија е мојот идеал и вечна љубов. Тоа е емоција и кауза што не поминува. Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Република Македонија. И народот, и гласачите, и членството.

Очигледни се притисоците и недемократските постапки на власта на СДСМ во кампањата за референдумот, кои секојдневно се засилуваат, особено во локалните средини. Сето тоа дополнително го компромитира и проблематизира резултатот и демократскиот карактер на претстојниот референдум.

Секако дека Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија тоа одамна го заслужува, а ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во независна Македонија која ги промовираше евро-атлантските интеграции. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, заедно со стратешкото партнерство со САД, остануваат приоритет на нашата надворешна политика.

Во делот на предложениот договор со Грција, факт е дека Македонија е соочена со лош договор, а граѓаните и македонскиот народ се најмалку виновни за тоа. Тоа е вина и одговорност на власта на СДСМ, која силно ги наруши, влоши и сруши македонските позиции.

Овој договор носи големи ризици во иднина да отвори уште многу прашања, наместо да резултира затворање на отворените прашања. Дополнително, во иднина се отвора простор за нови и нови тековни блокади кон Македонија.

Исто така, референдумското прашање е манипулативно затоа што огромното мнозинство граѓани се „за“ членство во ЕУ и НАТО, но се „против“ непринципиелните обврски што се наметнати за Македонија и македонскиот народ.

Голем проблем и манипулација е што со денови, недели и месеци не се соопштуваат конкретните уставни измени, така што граѓаните не знаат и не можат да видат за што конкретно се бара нивното изјаснување.

Од сите тие причини, јас како пратеник во законодавниот дом на македонската држава нема да гласам за најавените уставни измени“, напиша Ѓорчев.

 

 

 

 

 

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе