ПОДЕМ со повик да се игнорира референдумот

Извршниот одбор на ПОДЕМ едногласно ја потврдил одлуката од членовите на Централниот одбор, за игнорирање на референдумот на 30 септември.

„Со оглед на штетниот и неуставен договор во Нивици, крајно несериозното и збунувачко референдумско прашање, како и политичката и економска неизвесност, во која актуелната Влада ја води земјата, ги повикуваме граѓаните на Република Македонија на 30 септември да го игнорираат референдумското изјаснување”, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека ПОДЕМ смета дека местото на Република Македонија ѝ е во Европската Унија и НАТО, но „членка со национално достоинство, неуценета и почитувана”.

„Референдумот не смее да биде изговор за политичкиот и економскиот неуспех кој ѝ се случува на Република Македонија во секоја сфера на живеење. Единствен договор кој мора да ги обедини сите политички партии е правецот во кој ќе се одвиваат реформите во судството, борбата против корупцијата, подобрувањето на состојбите во образованието и здравството, зголемувањето на животниот стандард на населението”, се наведува во соопштението.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе