Почина Фаик Абди, пратеник во првиот состав на Собранието

На 79 годишна возраст вчера во Скопје почина Фаик Абди, прв претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите и пратеник во првиот состав на Собранието на Република Македонија.

Фаик Абди беше пратеник и во Собранието на Социјалистичка Република Македонија од 1969 до 1974 и во самостојна Македонија во два мандата од 1990 до 1998 година. Абди беше учесник и на првиот ромски конгрес кој се одржал во Лондон во 1971 година.

Погребот на Фаик Абди ќе се одржи денеска на гробиштата Бутел во Скопје.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе