ИЗЈАВА

Петар Атанасов: Екстерното тестирање е небулозно, оценките треба да се поништат

Оценките од небулозното екстерно тестирање не смеат да се внесуваат во свидетелствата на учениците, тие треба да бидат поништени. Ова тестирање е погрешно и непрецизно и не може ништо да измери, вели претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

„Учениците и родителите се под стрес. Наставниците се понижени со одземање на правото да оценуваат. Поради нападот врз наставниците, квалитетот на образованието е целосно уништен. СДСМ ќе го укине екстерното тестирање на првата владина седница, откако на следните фер избори ќе ја добие одговорноста од граѓаните да ја води државата. Заедно со сите засегнати субјекти ќе усогласиме образовен систем по вистински успешен европски образовен модел, применлив за нашата земја. Евалуации ќе има, но само заради стандардизирање на квалитетот на образованието од Дебар до Берово и од Гевгелија до Куманово. Без оценки, без казни и без стресови. Еве, после 5 години од воведувањето на квази проектот на оваа власт наречен екстерно тестирање, нема ниту една релевантна образовна анализа, што со него добија учениците и образованието во целост“, изјави Атанасов.

Според Атанасов, годинава над 170.000 ученици од основните и средни училишта се жртви на неписмените, нелогични, контрадикторни прашања и мегаломански пропагандистички тестови со кои власта на Груевски лечи сопствени фрустрации.

„Ова е последна година на Груевски и соработниците за изживување со учениците, родителите, наставниците и професорите“, рече Атанасов. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе