ВМРО-ДПМНЕ

Пешевска: Да се расчисти случајот со знамето на голема Албанија над стадионот во Чаир

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот инцидент во кој се промовираше мапа со голема Албанија, во чии граници има и делови од Република Македонија, на фудбалскиот натпревар во скопски Чаир, изјави Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Жаклина Пешевска

„ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните органи да го расчистат случајот и да го санкционираат побудувањето на националистичките страсти и ширење на етничката нетрпеливост. Ова е втор ваков случај на оспорување на територијалниот интегритет и суверенитет за кус период. Пред само неколку недели во центарот на Куманово од јарбол беше симнато Македонското државно знаме и на негово место беше развиорено знамето на Албанија. Заедничко за двата срамни инциденти е тоа што тие се директно инспирирани од негаторските изјави кон Република Македонија кои во континуитет ги гледаме и од страна на странски, но и од домашни политичари.          Најголемата одговорност за ваквите напади кон Македонија и македонскиот народ и кон сите државни и национални обележја лежи токму во сервилниот, поданички и антидржавен однос на криминалецот Зоран Заев.

Само за да се дограби до власт, иако загуби на декемвриските избори, Заев ги прифаќа сите антимакедонски уцени и се согласува на сите отстапки кои одат на штета на државните и националните интереси. Заев е убеден дека доколку ја реализира тиранската платформа и доколку молчи за симнувањето на македонското знаме, мапите на голема Албанија или изјавите на Зијадин Села, ќе успее да формира тиранска влада и да се спаси од кривична одговорност за криминалите што ги има направено. Реализирањето на тиранската платформа ќе значи целосна двојазичност на Македонија, промена на знамето, грбот и химната, промена на името по грчки терк и федерализација на државата, што во крајна фаза ќе доведе до растурање на државата“, рече Пешевска и апелираше до СДСМ да ја отфрли тиранската платформа и да прифати нови парламентарни избори.              

 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе