РЕАКЦИЈА

Пендаровски: Too late! Шилегов: Не предлагај нови министри за џабе

Од таборот на СДСМ веќе стигнаа првите реакции по вечерашниве оставки на министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и на директорот на УБК Сашо Мијалков. Пендаровски и Шилегов упатија директни пораки до Груевски.

Стево Пендаровски на Твитер објави: „Реконструкција на Влада? Too little, too late… Потребен е нов премиер.“

На Фејсбук се јави и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов: „Не предлагај нови министри за џабе. Немаш мандат за такво нешто“, му порача тој на Груевски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе