РАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

Павловски: Она што се прави во МВР е класичен контраудар на мафијата врз полицијата

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека команданти на единици, началници на Сектори, помошници кои зад себе имаат искуство и по 20 и по 30 години во Министерството за внатрешни работи сега се на удар на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски. Таргет на потпретседателот на СДСM, велат од опозициската партија, се и професионалци кои храбро и бескомпромисно работеа и на случаи како Монструм, Планинска бура и Диво Насеље.

“Сите оние кои имаат личен и професионален интегритет во министерството станаа предмет на отстрел на новиот министер и неговиот политички тим. Тие се цел само заради тоа што потпретседателот на СДС, се сомнева дека нема да ја злоупотребуваат службената положба и слепо да ги следат и извршуваат политичките нарачки на Бихаќка. Таргет на потпретседателот на СДС се и сите професионалци кои работеа на докажување на криминалот на наркодилерите блиски до Заев и партискиот врв на СДС, што изминативе месеци беа откриени и заглавија во затвори за нелегална трговија со наркотици. Таргет на потпретседателот на СДС се сите професионалци кои учествуваа во акциите за докажување на криминалот на неговиот пријател и соработник Захир Бекири-Чауш, но и сите оние кои работеа на прибирање докази за санкционирање на изборната корупција на СДС почнувајќи од сомнителните исплати во Општина Струмица, па се до поткупите на гласачи со дрва во Куманово”, изјави Сашо Павловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова што сега се прави во Министерството за внатрешни работи е класичен контраудар на мафијата врз полицијата. Одмазда за сите реализирани акции. Главен инспиратор и реализатор на оваа одмазда на мафијата е потпретседателот на СДС Оливер Спасовски. Потпретседателот на СДС и неговите партиски послушници секојдневно се јавуваат и повикуваат вработени во МВР кои низ долгите години во службата, постепено ја граделе кариерата и стигнале до одредена позиција за да им нудат одредени пониски позиции. Понудата од СДС е земи или остави. Им нудат пониски места на кои би биле распоредени по сопствено барање. Во спротивно, следат закани дека ќе бидат деградирани и дека ќе бидат  девалвирани и дека нема да може ниту судот да им помогне. Сиот хаос кој го креираше Оливер Спасовски резултираше со драстично намалување на активностите на Министерството за внатрешни работи. Тоа што го прави Оливер Спасовски е целосно незаконски и е спротивно на Колективниот договор и Законот за внатрешни работи”, додаде Павловски.  

Тој ги повика сите професионалци во полицијата да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на потпретседателот на СДС и правдата да ја бараат пред повисоките органи.

 

 

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе