ПО СОГЛАСНОСТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

Османи: Завршена е една важна фаза, продолжуваме со преговори за програмите

Ние не даваме мандати на никого туку разговараме за да постигнеме договор за меѓусебна поддршка за заедничко владеење со која било партија, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

На денешната прес-конференција по внатрепартиската одлука на ДУИ за законот за употреба на албанскиот јазик, тој рече дека со СДСМ имале работни средби на кои разговарале за сите прашања, а главен столб на тие разговори било услогласувањето по текстот на законот за употреба на јазиците.

„Досега работните групи работеа по текстот што го сработи ДУИ во соработка со другите партии од платформата и после давање мислења, усогласување, надминување на евентуални разлики, вчера претседателството го усвои текстот на тој закон кој што ние го предложивме до СДСМ како текст за заедничко услогласување со цел усвојување во Собрание“, одговори Османи на прашањето до каде се со давањето мандати на СДСМ на прес конференцијата која заврши пред десетина минути.

Според него, една важна фаза од процесот е завршена и од утре почнуваат со другите делови од усогласување на платформите, односно изборните програми.

Што се однесува до усогласениот текст за употребата на албанскиот јазик, Османи вели дека совршени решенија нема, особено не во правото.

„Ние сметаме дека ова е оптимално решение кое што затвора единственото нерешено прашање од Охридскиот договор во делот на донесувањето закони. Со овој закон ќе се релаксираат и меѓуетничките односи. Но, утре продолжуваме да разговараме по сите точки, а хипотетички може да се постигне договор за сите прашања“, рече тој и додаде дека мора да бидат внимателно да не остават незавршено прашање, бидејќи ситуацијата е комплицирана и не сакаат да ја продолжат кризата која трае веќе 2,5 години.

Усогласувањето на програмите на владеење, односно изборните програми е потребно, како што вели, ако двете партии  решат да влезат во заедничка влада.

Сепак, Османи не сакаше да ги коментира најавите од Заев дека за 10-15 дена ќе има нова влада, кусо изјавувајќи дека „не коментира рокови“. Како шпекулација, пак, ги окарактеризира информациите дека се разговара за ресорите во владата. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе