ПРЕГОВОРИ СДСМ-ДУИ

Османи: За двојазичноста се договоривме, сега ја дефинираме платформата за заедничко владеење

Во ДУИ е прифатена верзијата на законот за албански јазик, изјави портпаролот на ДУИ по вчерашната седумчасовна седница на централното претседателство на партијата. Приближени се ставовите со СДСМ, рече Османи.

„Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на законот за јазикот, и на крај едногласно даде согласност за текстот на овој закон. Го завршивме овој дел од дебатата и утре ќе почнеме со останатите делови за можната хармонизација на една заедничка платформа за заедничко владеење. Заокружена една значајна фаза. Има прашања кои треба да се дискутираат, евентуално за хармонизација на платформите, за начинот на заемната поддршка. Исто така има и други теми, кои ќе се отворат во петок на уште една седница на претседателството на партијата. Значајно е дека денес заокруживме една значајна фаза од овој процес“, изјави синоќа Османи.

Најавено е дека денеска ќе се сретнат претставници на преговарачките тимови на СДСМ и на ДУИ.

Централното претседателство на ДУИ го овластило Али Ахмети, претседателот на ДУИ, да ја  донесе конечната одлука за потписите на пратениците на ДУИ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе