Османи изјави дека вечерашната дебата која што се одвива на Централното претседателство ќе биде маратонска, ќе трае доцна во ноќта и нема да се донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе и се дадат потписите на СДСМ или не, за состав на нова Влада.
Тој истакна дека, на претседателството, работната група ќе им го достави материјалот околу договорените предлози со СДСМ, но и ќе ги достави заклучоците и договореното кое произлегло од вчерашната средба на лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев.
“Не се исклучува можноста, во зависност од текот на дебатата која што се одвива во централното претседателство, повторно работната група на ДУИ да почне да преговара со работната група на СДСМ во однос на некои прашања за кои не се надминати разликите“, додаде Османи и уште еднаш потенцираше дека вечерва нема да има никаква одлука.
Тој не откри детали, но рече дека секако се ќе биде транспарентно зошто решенија ќе мора да поминат низ Собранието.
„Вечерва почнуваме со маратонската дебата зашто е голем материјалот, дебатата ќе продолжи и во наредните денови, кога ќе се исцрпи дебатата ќе биде донесена одлуката. Не може да се симплифицира процесот на давање потписи, поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии, изјави османи Османи.