ОМД: Одржан помен за жртвите од грчката бруталност

Обединета македонска дијаспора (ОМД), вчера на 11 август, одржа помен и едноминутен молк за жртвите од бруталноста на грчката држава од поделбата на историска Македонија во 1912-1913.

Од ОМД информираат дека поменот се одржа на неколку локации во светот, како Мелбурн, Лондон, Хјустон, Вашингтон, Торонто и Скопје.

„Во скромен број, учесниците придружувани од полиција, запалија свеќи пред секое грчко конзуларно претставништво и амбасада. Во Скопје 90 полицајци ја обиколија амбасадата, ги блокираа пристапните улици до истата и не им дозволија на учесниците да запалат свеќи и да сликаат, со објаснување дека доколку сликите осамнат на социјалните мрежи, казната е 5000 евра“, стои во соопштението на ОМД и најавуваат традиционално одржување на настанот на годишно ниво.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе