Тој е актуелен претседател на управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ. Д-р Мицкоски е и и професор на Машинскиот факултет при УКИМ.
Мицкоски досега објавил преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Тој бил дел од тимовите на повеќе меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.
Во 2001 година Мицкоски бил избран за најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет во Скопје. На универзитети во Германија и Италија магистрирал и докторирал. Од 2015 година до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше советник за енергетика на претседателот на Владата.
Во 2011 година Мицкоски бил и визитинг професор на Техничкиот универзитет во Виена.
Од партиските функции, Мицкоски од април годинава е претседател на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а член на комисијата е од јули минатата година. Во републичкиот изборен штаб учествувал во 2011 година, а претходно и во регионалниот изборен штаб на изборната единица 4, на изборите во 2008, 2014 и 2016 година.