Според албански медиуми: Незадоволство во ДУИ од проширувањето на Владата

Во редовите на ДУИ официјално владее молк, но внатре во партијата постои отворено незадоволство од влегувањето на Беса на Африм Гаши и на ДПА во Владата, пишува агенцијата ИНА.

На седниците на претседателството на ДУИ најголемо незадоволство постои од влегувањето на Беса на Гаши во владината коалиција, затоа што таа партија за време на локалните избори најмногу ја напаѓаше ДУИ.

„Според некои неофицијални информации за ова проширување на владината коалиција имало сериозно негодување на партиските форуми, но последната одлука ја донесе претседателот Али Ахмети. Тој ги толкуваше новосоздадените околности за проиширување на Владата со цел да се создаде стабилност во рамки на парламентарното мнозинство“, велат за ИНА партиски извори од ДУИ.

Според истите извори, двете нови партии во Владата нема да имаат никаква релевантност ако се знае дека кормилото во Владата цврсто го држат СДСМ и ДУИ како основни носители на владината коалиција.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе