ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Нема коалиција ни на локално ниво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори најверојатно во ниту една општина нема да поддржат кандидат на другата партија за да можат Македонците во општините каде што се малцинство да имаат поголеми шанси за успех на изборите. Од првичните изјави на нивните претставници произлегува дека двете најголеми македонски партии овој пат на локалните избори ќе истакнат свои кандидати во сите општини.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека во неговата партија се разгледува можноста партијата да истакне кандидати за трка за градоначалничките места во сите општини во Македонија, вклучувајќи ги и тие каде што мнозинство се етничките Албанци.

Од СДСМ велат дека за локалните избори нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.

„За нас се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт. СДСМ на минатите парламентарни избори ги надминала етничките разлики. За нас, во Македонија постои трка на концепти што се нудат на граѓани, не постои етнички концепт“, рече Петре Шилегов, пратеник на СДСМ.

За можната сорааботка во Кичево каде и на овие избори се очекува т.н. етничка трка, Димовски не даде конкретен одговор дали ќе соработуваат со СДСМ.

И пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири вели дека коалиција со ВМРО-ДПМНЕ не е опција за ниту една општина.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе