НДМ: За нас гласаа 12.112 граѓани, освоивме седум советнички места и еден кандидат за градоначалник во вториот круг

Народно движење за Македонија соопшти дека на локалните избори оствари изборен резултат од 12.112 гласови, седум советнички мандати и еден кандидат за градоначалник во вториот круг.

НДМ се заблагодарува до сите оние кои дадоа подршката за листите на НДМ, меѓутоа, останува горчливиот факт дека овој изборен резултат се уште не е доволен за процесот на рушење на двопартизмот, кој, НДМ го започна храбро, решително и во интерес на народот, се вели во партиското соопштение.

„За жал, народот и на овие избори во најголем дел подршката ја даде за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои 27 години се менувата на власт, а на земјата не ѝ оди добро. Ја користиме приликата да им ја честитаме големата изборна победа на колегите од СДСМ и нивните коалициски партнери“, соопшти НДМ.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе