НДМ: Груевски и Заев сакаат пак да нѐ спречат да учествуваме на изборите

Народно движење за Македонија најостро го осудува обидот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно да спречат учество на НДМ и на локалните избори на 15 октомври 2017.

Од НДМ информираат дека министерот за правда испратил писмо до судовите дека не се признаваат судските уверенија за изборите од кривичната евиденција, туку, судовите да издаваат уверенија од казнената евиденција. Ова, според нив е невиден скандал, на еден ден пред крајниот рок за поднесување на изборните листи, се менуваат изборните правилата со обично писмо, иако Изборниот законик останува ист, односно, на сите претходни избори ДИК ги уважуваше судските уверенија од кривичната евиденција.

„Зачудува молкот на ВМРО-ДПМНЕ за овој најнов скандал на власта, што упатува на тоа дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уплашени од процесот на рушење на двопартизмот, кој, НДМ го започна храбро, решително и во интерес на народот.

НДМ овој чин на новата реформска влада како што милува да ја нарекува Заев, го смета за директен обид за отстранување на НДМ од изборите, земајќи предвид дека НДМ веќе има извадено преку 500 уверенија од надлежните судови за своите кандидати за советници и градоначалници, што значи дека сега е потребно за само еден ден НДМ да вади нови преку 500 уверенија за своите кандидати“, се вели во соопштението од НДМ.

Оттаму порачуваат дека НДМ и народот ги предупредуваат Заев и Груевски да не си играат со трпението на народот, бидејќи НДМ овојпат е спремно по секоја цена да игра активна улога на изборите, а не да биде нем набљудувач на настаните на 15 октомври.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе