Избори во најголемата опозициска партија

Наумов е кандидат за лидер на СДСМ, Заев, Јовановски и Ивановски треба да се договорат кој да отпадне

Прифатена е кандидатурата на Кире Наумов за лидер на СДСМ за претстојниот Конгрес на партијата на 2 јуни. Извршниот одбор на СДСМ ја прифати кандидатурата на Наумов, а реши официјалното претставување на кандидатите по општинските организации да почне на 20 мај, а не денеска за да се „остави време на другите тројца кандидати евентуално да се договорат за намалување на бројот на кандидатурите“.

Ова е информацијата што денеска ја добил Кире Наумов од секретарот на СДСМ Андреј Петров. Наумов денеска соопшти: „Во духот на мојата заложба за фер, демократска и сопартиска кампања ќе ги поканам другите кандидати на заедничка неформална средба во текот на денот“.

Во текот на вчерашниот ден беше објавена информацијата од Извршниот одбор дека кандидатите Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски имаат компатибилни концепти, па изразиле подготвеност заради поуспешен конгрес, да вложат значителен ангажман во наредните неколку дена да се направи приближување и усогласување на концептите, а преку таквиот позитивен пристап е можно повеќе да се намали бројот на кандидатите за претседател на СДСМ“.

Ова значи дека листата на кандидати за претседател на СДСМ за наредниот конгрес сè уште не е готова. А и нема официјално објаснување што стана со кандидатурата на Иницијативниот одбор за останување на Бранко Црвенковски на лидерската позиција, поддржана од неколку општински организации и со петиција од 20 илјади потписи.

А.Д.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе