ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА

Надлежните да направат темелна истрага за изведбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Либералната партија ја осудува непрофесионалноста во изведбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, т.е. несовпаѓањето на проектираната и изведената траса и бара надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании заради нестручноста и катастрофалните грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали.

ЛП бара да се утврдат и санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради ваквите неприфатливи грешки за светот во XXI век, уште дополнителни 100 милиони евра и по ЗКП (со казна затвор), и со имот и средства во висина на штетата која е направена, како и со трајно одземање на лиценците за работа во ваков тип на дејност.

Доколку нема санкционирање на сите одговорни во овој проект, ЛП ќе смета дека ова е уште една од многуте пропагандни вести, на кои бевме сведоци во изминатите единаесет години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

22 Јуни 2017 - 12:58

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе