Лидерот на СДСМ по распитот во Јавното обвинителство:

Надеж дека институциите ќе работат чесно

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска даде изјава во Јавното обвинителство за случајот „Пуч" во својство, како што рече, на сведок, односно оштетена страна.По завршувањето на распитот Заев изјави:

- Иако изразуваме сомнеж во работата на правосудството, пријавата што ја поднесовме е заради оставање пишана трага и заради почитување на Уставот и законите. Но, упатуваме и порака дека на Обвинителството и на другите правосудни органи им е нарушен угледот од страна на поединци, бидејќи таму работат чесни луѓе. Изразувам надеж дека институциите сега ќе постапат според Уставот и законите, рече Заев.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе