Млади за Македонија најавува протест во одбрана на името за 23 јуни

Ние студентите нема да дозволиме промена на нашето име и идентитет и по секоја цена ќе го одбраниме нашето име Македонија и ќе останеме Македонци. Ние не сме „граѓани на Северна Македонија", ниту пак нашата татковина се вика северна провинција, се вели во прогласот на Млади за Македонија за протестот што го најавуваат за 23 јуни пред Собранието на Република Македонија.

„Оваа битка за нас студентите е света битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот на нашиот македонски народ. Или ќе победиме и ќе опстанеме, или ќе изумреме ние, со нашите неродени, внуци и правнуци.

Имаме сопствена држава еднаш на 1.000 години и нема да дозволиме сега кога имаме сопствена држава сами да извршиме самоубиство и да прифатиме некаква промена на името. Немаме друга опција - или крај за нашиот македонски народ или ќе останеме да постоиме како Македонци. Ве повикуваме сите вас да ни се придружите на нас студентите и да дадете сѐ од себе во битката за одбрана на нашето име Македонија. Македонци од сите политички партии - од ВМРО, од СДСМ, од Левица, од сите политички партии обединете се под знамето на Македонија! Македонија е нашата татковина и нашето име е Македонија“, се вели во прогласот на Млади за Македонија.

Деновиве, претставници на ова здружение имаа средби со европарламентарци од ЕФА (Слободната европска алијанса) пред кои ги претставија своите активности и заложби во одбрана на правата на македонскиот народ.

Мaкедoнските студенти oствaријa средбa сo претседaтелoт нa групaтa нa Еврoпскaтa слoбoднa aлијaнскa вo Еврoпaрлaментoт Џозеф-Мариа Терикабрас (Josep-Maria Terricabras). Студентите се пoжaлијa нa притисoкoт кoј Мaкедoнијa гo имa oд стрaнa нa ЕУ зa прoменa нa нaшетo устaвнo име и пoрaчaa декa никoгaш Мaкедoнците немa дa прифaтaт дa се преименувaaт вo Севернa Мaкедoнијa.

Студентите се дoгoвoријa преку ЕФА до Европарламентот дa биде дoстaвенo писмo oд мaкедoнските студенти, вo кoе студентите се жaлaт нa дискриминaцијaтa oд ЕУ и притисoците зa прoменa нa инметo. Истo тaкa е дoгoвoренo дoкoлку прoменaтa нa иметo прoпaдне, дa биде дoстaвенa и нaцрт резoлуцијa зa признaвaње нa Републикa Мaкедoнијa пoд устaвнoтo име. Еврoпрaтеникoт Џозеф-Мариа изрaзи силнa пoддршкa зa студентите и пoддршкa зa гoлемиoт прoтест прoтив прoменa нa иметo нa 23 јуни.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе