ВМРО-ДПМНЕ

Мицковски: СДСМ ја информирала Светска банка за зголемување на даноците и на придонесите за пензиско и здравствено

Менувањето на даночната политика, воведување на таканаречениот прогресивен данок и напуштањето на таканаречениот рамен данок сериозно ќе значи осиромашување на нашата држава, но и на граѓаните, изјави денеска Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зголемувањето на даноците кое го планира СДС ќе удри директно по џебот на граѓаните и ќе значи уништување на стопанството и економијата. Со менување на даночната политика, односно со зголемувањето на даноците никој нема да добие ништо, а најмалку граѓаните и државата.

Од неофицијални информации дознаваме, а тоа и нѐ загрижува, дека министерот Тевдовски веќе најавил во Светската банка дека оваа антиреформа СДС има намера да ја имплементира. Ова зголемување на даноците ќе удри по џебот на граѓаните, ќе направи голема штета во целост на македонската економија. Од нашето досегашно искуство во комуникација со преку неколку илјади странски инвеститори, па и домашни инвеститори, можеме да кажеме дека зголемувањето на даноците ќе значи намалување на заинтересираноста да се инвестира во нашата држава, а со тоа ќе се намали и можноста за отварање на нови работни места и во голема мера ќе значи напуштање на досегашните инвестиции. Загрижува фактот дека голем број македонски работници што го остваруваат својот личен доход во производните капацитети во индустриските зони отворени ширум Македонија, ќе останат без сопствената егзистенција.

Дополнително загрижува и фактот дека Владата на СДС ја известила Светската банка дека ќе ги зголеми придонесите за пензиско и здравствено осигурување, со што дополнително ќе ги оптовари компаниите, со тоа ќе ја зголеми нивната неконкурентност, а на крајот од денот тоа ќе имплицира и бркање од работа на работниците и напуштање на Македонија од страна на инвеститорите кои сакаат или веќе инвестирале во Република Македонија.

 

Овие антиреформи на СДС ќе ја тргнат Република Македонија од мапата на инвеститорите во светот и ќе ја спуштат длабоко на листата на Дуинг бизнис како неатрактивна земја за инвестирање, каде што како еден од најголемите аргументи, а и предности до сега го имавме рамниот данок.

Очекуваме СДС сериозно да ги преиспитаат овие свои намери да прекинат со деструктивната политика и да почнат со реализација на сите оние проекти кои ги најавуваа така силно во периодот на предизборието.

Граѓаните од нив не очекуваат зголемување на даноците, туку очекуваат минимална плата од 16.000 денари просечна плата од 30.000 денари да отворат нови 64.000 работни места...да го реализираат ветеното во периодот на предизборието“, рече Мицковски.

Објавено на

25 Јуни 2017 - 17:11

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе