Мицковски: Намалената невработеност е резултат на напорната работа на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е горда на последните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека невработеноста во првиот квартал од годинава паднала на 22.9 отсто. 

„Тоа е разликата меѓу напорното работење на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики на СДС. Ваквите резултати не се постигнуваат со манипулации и креирање на лажни вести, туку со посветеност, знаење и работа.

Напорната работа, активните мерки за вработување, ниските даноци, политиката на странски инвестиции, поволната бизнис клима, оперативните планови на владата за вработување кои беа спроведувани изминативе години, придонесоа невработеноста да се намали на историски најниски 22.9 проценти“, изјави на прес-конференција Христијан Мицковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта од СДСМ, Македонија била рекордер во Европа по највисоката стапка на невработеност и изнесуваше 38 отсто, како резултат, како што рече, на криминалната транзиција од страна на СДСМ.

„Во периодот од 2006 година до денес отворени се нови 175.000 нови работни места. Дури и во услови на длабока политичка криза ние повторно работевме на намалување на невработеноста и само во последната година споредено првиот квартал од 2017 со првиот квартал од 2016 година, отворени се 20.000 нови работни места, додека пак само во првиот квартал од 2017 година кога политичката криза кулминираше, благодарение на политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ се отворија 3.000 нови работни места споредено со четвртиот квартал од 2016 година“, додаде Мицковски.

Според него, граѓаните и во иднина очекуваат мерки кои ќе го подобрат нивниот стандард, а не блокирање на проекти и најави за уривање и укинување.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе