Мицкоски: Заев да се откаже од Договорот, а потоа избори и формирање ново Јавно обвинителство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција излезе со нов предлог кон власта, а тоа е премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, а потоа може да има избори. Мицкоски побара по изборите да се фомира ново Јавно обвинителство, кое ќе го замени СЈО и ќе ги доистражи прислушуваните разговори и сомнежите за криминал и на оваа влада.

Во своето обраќање Мицкоски кажа дека решението што е постигнато е катастрофално.

„Сега само може да се констатира дека Договорот е мртов. Договори Договор без консензус ветувајќи дека ќе исполни нешто што не може да исполни, манипулирајќи ја и меѓународната заедница дека овој договор може да помине. И покрај притисоците, уцените, полнењето кутии, власта не успеа да ги изманипулира граѓаните кои покажаа одговорност кон својата земја. Власта е целосно делегитимирана, Заев веќе нема легитимитет и кредибилитет, неуспешниот референдум е и одговор дека криминалите не смеат да продолжат. Народот испрати порака дека Заев повеќе не може да биде премиер и треба да се повлече.Нова криза ќе ја доуништи и така кревката економија, а со овие луѓе ќе биде само полошо. Затоа и има две опции: избори, за кои мора да има пржинска влада каква што Заев имаше пред изборите 2016 година и јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и анкетна комисија. Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измислуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Влегов во политиката да му служам на народот и поради тоа да создавам за народот, но и да се борам против криминалот.

Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните. Втората опција е Заев веднаш да се откаже од Договорот, па потоа да оди на избори. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе поддржи нова обвинителство, веднаш по завршувањето на СЈО, овојпат Јавен обвинител со консензус кој вистински ќе се бори против криминалот, но и да ги доиспита прислушуваните материјали, како и криминалите на оваа влада. Стојам овде и велам ајде да ставиме крај на криминалот и вистински да се бориме против него и да ставиме крај на сомнежите за криминал. Еве шанса оваа Влада да докаже дека вистински е против криминалот, рече Мицкоски на прес конференцијата. 

Прашан за коментар околу потврдената пресуда од Апелација на екс-премиерот Груевски и наводно тргување со пратенички гласови за негова слобода, Мицкоски рече дека самиот факт што некој мисли дека владата на Зоран Заев тргува со правдата, зборува за тоа во каков амбиент и општество живееме. Мицкоски рече дека е непринципиелно и не би сакал да верува дека некој воопшто размислува да тргува за нешто за што граѓаните јасно се изјасниле на 30 септември без разлика дали се тоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.

Прашан, што ако власта инсистира на избори по скратени рокови и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на такви избори, Мицкоски рече дека тоа што власта сака брзи избори говори каква е желбата на оваа власт да остане и продолжи да го пљачка народот, кратко укажувајќи дека е неопходно формирање „пржинска влада“.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе