Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ пак го кандидира Коце Трајановски за градоналаник на Скопје

Актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат на функцијата, соопшти генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски. 

„Неговите успеси и работа се видливи насекаде низ градот Скопје. Благодарение на посветената работа на господинот Коце Трајановски и тимот околу него се изградија и проширија редица булевари и улици, се подигнаа нови зелени појаси, паркови и велосипедски патеки. Се изградија две катни гаражи и дополнително се обезбедија нови паркинг места. Изградена и реконструирана водоводна мрежа од прилика 81.793 метри. Се изградија нови плоштади, а се изградија и реконструираа и детски градинки и училишта. Овие и уште стотина други проекти кои господинот Коце Трајановски ги направи во својот мандат придонесоа градот Скопје да прерасне во вистинска метропола која сега е поставена на мапата на туристички дестинации и која годишно е посетена од страна на десетици илјади странски туристи“, рече Мицкоски.

Централниот комитет на партијата, на Извршниот комитет му предложил уште неколку кандидати за градоначалници.

За општина Росоман, кандидат е актуелниот градоначалник господинот Стојанче Лазов, за општина Гази Баба, актуелниот градоначалник Тони Трајковски, а за општина Дебар предложен е Драган Клопчески, лекар во здравствениот дом во Дебар.

„Овие кандидати како и досега промовираните кандидати се потврда на нашиот приоритет и понатаму да работиме посветено на континуираниот развој на општините и квалитетот на живеење на граѓаните. Тие ќе бидат тимот кој ќе продолжи да гради нови улици, училишта, градинки, локални патишта, да ја подобрува комуналната услуга, да изгради нова инфраструктура и пред се да биде подобар сервис за потребите и барањата на граѓаните“,  додаде Мицкоски.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе