Мицкоски со Кукан и Флекенштајн: За ВМРО-ДПМНЕ Договорот со Грција е неприфатлив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на  денешната средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го повторил ставот дека неговата партија не може да го прифати Договорот со Грција зашто, како што рекол, е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, во текот на разговорите заедничка била костатацијата дека евроатлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на државата, животниот стандард на граѓаните, како и за реформските процеси во правосудството, здравството и образованието.

На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во државата, а на Кукан и Флекенштајн им било укажано и дека актуелната Влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе