Мицкоски: Новите членови на ИК се силно мотивирани индивидуи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, новите членови на Извршниот комитет на партијата, вечерва кажа дека тие се силно мотивирани индивидуи, луѓе кои голем дел од животот го поминале во партиските структури и искусни политичари.

 

“Убеден сум дека во периодот што следува ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на здрави нозе и ќе можеме што е можно побргу да издејствуваме предвремени парламентарни избори. Промените во составот на Извршниот комитет се сериозни, очекувам да придонесат сериозно во партијата. Централниот комитет ги усвои речиси едногласно, со еден глас „против“ од 115 присутни на ЦК. Ова е првична бројка од 26 члена на Извршниот комитет и тој ќе се проширува. Оваа структура во следните две години ќе биде официјално тело во првична верзија, но во периодот што следува постои простор за зголемување на бројот на членови”, рече Мицкоски.

На новинарско прашање зошто во новиот состав ги нема Антонио Милошоски и Илија Димовски, кои се спротивставуваа на неговиот избор, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека и двајцата се „прекрасни личности кои биле на функции и придонеле за партијата, па доколку соодветствува со нивните амбиции, не е исклучена никаква можност и би можеле понатаму повторно да бидат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ“.

Мицкоски уште изрази надеж дека неговата партија ќе ја формира следната влада.

“Во овој момент не би имал што додадам, освен да следите внимателно како ќе постапува ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следува и да се надеваме дека што е можно побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада во Република Македонија”, рече Мицкоски.

 

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе