Мицкоски: Минуваат 10 месеци на понижувања, урнисување на сѐ што се создавало со векови наназад

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска беше во струмичкиот регион ја обвини владата дека за 10 месеци урнисала сѐ што било создавано „не само во оние 11 години додека била ВМРО-ДПМНЕ на власт, туку на сето она што се создавало 27 години, па и на 45 претходно, па и векови наназад“. 

„Имаме за жал, власт па и човек за жал од овој крај што нема ни малку чувство за она што се вели нација, Македонија и сето она што е поврзано со нашиот народ и нашата држава се труди да го урниса со своите постапки“, изјави Мицкоски во Вељуса.

Според него, власта не остварила ништо од она што ветувала, ниту намалување на невработеноста, ниту перспектива за младите, ниту брзи странски инвестиции. Напротив, како што рече, има само осиромашување и катастрофа.

„Имаме една катастрофа што ни се случува. Имаме поништување на развојни постапки кои што претходните им го оставиле. Имаме стопирање на градежниот сектор за 30% помалку од тоа што било порано. Имаме 30% помало индустриско производство од она што било помалку од претходното. Имаме катастрофа во економијата што ни се случува. Ниту платите ги покачија до 30 илјади денари, ниту пак докторите имаат 100 илјади денари месечно, ниту пензионерите добија 10% повисоки пензии како што ветуваа, а ниту земјоделците добија повисоки субвенции од она што го ветуваа. Ниту животот дојде, ниту реформите се случија во здравството, ниту во образованието ниту пак имаат намера тоа да го прават“, вели Мицкоски.

Првата задача откако ја презел улогата на претседател на ВМРО-ДПМНЕ му била на светот да му докажат дека ВМРО-ДПМНЕ е современа партија и е столб на државноста во Република Македонија и дека има просперитетни идеи и нуди развој на Република Македонија односно да ја извадат од изолација.

„И успеавме во тоа. Успеавме да им докажеме и во Вашингтон и во Брисел и во Лондон, Париз, Берлин дека ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, за народот и дека е партија која може да биде гарант за развиена и економски силна Република Македонија“, се пофали Мицкоски.

 

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе