Мицкоски и на Тачи му кажа дека не го поддржува Договорот со Грција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со претседтаелот на Република Косово, Хашим Тачи и со него разговарале за повеќе прашања кои се од билатерално и регионално значење. 

„Мицкоски и Тачи ја афирмираа потребата од понатамошен развој на добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Косово.

Соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со потпишаниот Договор со Република Грција и нагласи дека Партијата не може да поддржи Договор со таква содржина”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе