Мицкоски: Хајка против градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, страв на СДС

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со политичката хајка и притисоците врз кандидатите за градоначалници што е израз на нивниот страв и нервоза од претстојниот изборен пораз. Она што Социјалдемократскиот сојуз го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија завладува хунта, изјави денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Додека министерот за внатрешни работи, господинот Спасовски дава изјава дека полицијата нема се вклучува и интервенира во изборите, имаме поднесување на монтирана и целосно бесмислена кривична пријава против градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, а финансиската полиција има упад во уште една општина раководена градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.

Тој рече денеска финансиската полиција упадна во општината Вевчани и во семејната фирма на градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски. Мицковски потсети и на кривичните пријави против градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, Алексовски, градоначалникот на Крива Паланка, градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, а на удар се најде и кандидатот за градоначалник на истата општина, Митко Јанчев кој без каква било причина беше застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР. Тука е и кривичната пријава против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. Според Мицкоски политичка монтирана пријава доби и градоначалникот на Неготино, господинот Ванчо Апостолов.

„Сето ова се случува во рок од само еден месец што е јасен показател дека на овие избори Социјалдемократскиот сојуз има недостаток на проекти, идеи, предлози, и дека нивна главна понуда ќе бидат политичките хајки и притисоци против кандидатите за градоначалници предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тие нема да сакаат да говорат за она што им е важно на граѓаните, за решенија, програми, патишта, паркови, проекти, нивниот фокус ќе биде политичката хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Пријавите се јасен израз на нервозата во Социјалдемократскиот сојуз и страв од претстојниот пораз на локалните избори. Нема да не уплашат, и нема да им помине. Секој ден луѓето се помотивирани, и поспремни да се спротивстават на ваквата хајка. Народот е веќе одлучен, а Социјалдемократскиот сојуз треба да се соочи со сопствената неспособност, со слабата поддршка и поразот кој им престои на следните локални избори. Колку повеќе прават притисоци, толку повеќе ќе ја губат поддршката од народот. Сите релевантни меѓународни дипломатски претставништва во земјата ќе бидат известени за злоупотребите кои ги прави актуелната власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз. И на крај ќе биде посочена дека многу брзо ќе дојде времето кога ќе одговараат поради сите овие неправди и злодела кои што се случуваат во изминатите неколку дена. Правдата ќе ги стигне за сите и правдата е над сите“, рече Мицкоски.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе