ПО ПЛАТФОРМАТА НА ТРИТЕ ПАРТИИ

Македонски манифест: Стоп за албанскиот политички тероризам

Платформата на албанските политички партии во Македонија е во функција на продолжување на кризата кај нас. Нејзините ултимативни барања не се ништо друго туку најгруб политички тероризам, кој албанските политички команданти го интензивираат и практикуваат посебно од 2001-та наваму, се вели во денешната реакција на Македонскиот манифест.

„За нив всушност како и да не завршил тероризмот од почетокот на милениумот, туку сега е само преоблечен во политичко руво, користејќи се со филозофијата на хиената за да му нанесат завршен удар на наслабнатиот, ранет и разединет македонски народ.

Барањата во албанската платформа се дрско уценувачки. Охридскиот рамковен договор е одамна исплнет над нормата и вклопен во Уставот. Се бара крунска потврда за Албанците во Македонија како државотворен народ, иако е, за жал, тоа веќе факт уште од почетокот на деведесеттите. И тоа е случај без преседан во светот, едно малцинство да се прогласи за државотворен народ, без да има какво било историско и етичко право на тоа. Ако е така, како што го замислија тоа Вашингтон и Брисел, ајде нека бидат во Франција, на пример, државотворен народ Арапите, а во Германија Турците кои што ги има неколку милиони, или Индусите и Пакистанците во Англија итн.

Албанците во Македонија надстандардно ги уживаат јазичките права. Дебатата за знамето, химната и грбот удира силеџиски врз изворните симболи-архетипови на македонскиот идентитет, со намера истиот да се ликвидира. Вклучување на албанските политички команданти во преговорите за името со Грција е безобразно и безумно барање. Врв пак на ирационалноста на албанските политички команданти кај нас е нивното барање за усвојување на резолуција со која ќе се осуди геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956, периодот во кој, имено, Македонците преживеаја неколку геноцидни потфати врз нив.

Македонците на ова трба решително да кажат НЕ, макар и по цена на заканата за нова 2001, која е очигледна во поттекстот на албанската платформа. Ова треба да биде последен сигнал за цврста кохезија на Македонците за одбраба на своите национални интереси, име и идентитет... Запад допрва ќе ги собира горчливите плодови на неговиот мрачен експеримент со Македонија и Македонците“, се вели во соопштението на Македонски манифест вокое се повикува на создавање на семакедонски фронт за одбрана на своето постоење.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе